Драма во Сараево: Девојки фрлиле солзавец во преполн трамвај

Хаос настанал во населбата Чегиќ Вила во Сараево кога непознати лица фрлиле солзавец во трамвај. Според информациите на Дневни Аваз, очевидците тврдат дека две девојки го фрлиле соззавецот во преполниот трамвај, по што веднаш избегале од местото на настанот.

Откако девојките го фрлиле солзавецот настанал вистински хаос. Патниците сакале да ја отворат вратата за да не се задушат, а едно момче излетало, но за среќа не се здобило со сериозни повреди.

Полицијата трага по сторителите.

05.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега