Тригодишно детенце играјќи запалило куќа
Тригодишно детенце од Србија предизвикало вистинска драма откако ја запалило својата семејна куќа. Се работи за 3-годишното момченце Н.В. кое во моментот на избувнувањето на пожарот било во куќата заедно со својата 42-годишна мајка. Пожарот избувнал во дневната соба, а набрзо се проширил и кон останатите простории.
Се претпоставува дека детенцето додека си играло запалило некој предмет и го пуштило на земјата, па така избувнал пожарот, во кој за жал и тој и мајката почнале да се душат од чадот, при што итно биле пренесени во болница.
За среќа, и мајката и детето сега се во стабилна состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа