ФОТО: По најавата за отпуштања вработени во Дрисла се затворија во депонијата - не пуштаат никој да влезе

 

Вработени во депонијата Дрисла под управување на Град Скопје ја блокираат фабриката, наводно во знак на протест по информации дека ќе има отпуштања. Според информациите кои доаѓаат од извори во синдикатот, на 30 општи работници не им биле продолжени договорите за работа, поради што, тие не дозволуваат никој да влезе, ниту да излезе од фабриката.
Очевидците кои ни ги испратија фотографиите велат дека вработените се на влезната капија и го блокираат влезот.
Во депонијата Дрсила се одлага најголемиот дел од отпадот во главниот град. Евентуална блокада на подолг рок ќе предизвика сериозни проблеми имајќи предвид дека поради големиот број на жители, Скопје произведува исклучително голема количина на отпад.

 

01.12.2022 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа