Битиќи: Директорите на државните институции кои не плаќале сметки за струја ќе одговараат

Директорите на државните институции кои не плаќале сметки за струја ќе бидат повикани на одговорност, потврди денеска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Имаше состанок вчера, ќе има и денеска состанок на Енергетскиот совет во Владата, после седницата на Владата. Тоа што го кажаа премиерот и министерот, ќе го повторам и јас – ќе се повикаат на одговорност сите што се однесувале неодговорно, рече Битиќ во одговор на прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија.

Прашан дали државата ќе има пари да ги покрие долговите за сите, тој рече дека меѓу останатите приоритети може да се најде и подмирувањето на долговите.

-Ќе видиме затоа што е крај на година и секако дека има приоритети. Приоритет е зачувување на ликвидноста на приватниот сектор, зачувување на секое работно место, грижа  за сите најранливи категории на граѓани. Обезбедување на електрична енергија и подмирување на долговите можено е да е една од опциите онолку колку што дозволува Буџетот, рече Битиќи. 

06.12.2022 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега