Модриќ и другарите му потпишаа отказ на Тите
Бразилскиот селектор Тите поднесе оставка по елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
„Кариоките“ беа поразени од селекцијата на Хрватска која славеше на крајот во пенал серијата.Ги водеше Бразилците од 2016 година, а оттогаш ги освои „Копа Америка“ во 2019, а годинваа се промовираше во единствениот селектор кој ја водеше националната селекција на два Мундијали по ред.
Не е познато кој ќе го наследи Тите на селекторската клупа на бразилската репрезентација.
Тите на клупски план беше тренер на голем број екипи, меѓу кои Коринтијанс, Гремио и Палмеираш како најпознати.
Tite leaves Brazil. He’s no longer the head coach of the Seleçao after the game lost vs Croatia. It’s over. #WorldCup2022 pic.twitter.com/9UQW63Gfy6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 9, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа