(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Подгорица: Полицијата користела солзавец и шок бомби кон демонстрантите

 

Во текот на вчерашниот ден, поточно во вечерните часови ескалирала ситуацијата со протестите пред Собранието во Подгорица, при што дошло до инциденти откако беше објавено дека е завршен собирот.

Група момчиња ја нападнале полицијата, ја пробиле оградата и го гаѓале собранието, и, според полициски извори користеле и лут спреј. Полицијата возвратила со солзавец и шок бомби.

Полициски извори тврдат дека триесетина момчиња, откако од разглас било порачано дека собирот е завршен, извадиле фантомки и ја нападнале полицијата, и ја урнале оградата пред собранието.

Вијести јавува дека е скршено стаклото на вратата на собранието, а во холот паднале камења фрлени од улицата.

Граѓаните пред собранието протестираа поради тоа што пратениците повторно ги усвоија измените на законот за претседател на Црна Гора.

Парламентарното мнозинство посегна по промените на законот за претседател откако Мило Ѓукановиќ одби да му го додели мандат за состав на нова влада на кандидатот на мнозинството Миодраг Лекиќ. Тој му предложи на собранието да си го скрати мандатот, за да бидат распишани предвремени избори.

Мнозинството го одби тоа, инсистирајќи на формирање нова влада откако беа урнати претходните две, на Здравко Кривокапиќ во февруари и на Дритан Абазовиќ во август годинава.

13.12.2022 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега