Александра Шијакоска ја доби наградата „Инфлуенсер на годината“, па кажа: „Кај нас не се цени зборот инфлуенсер“

 

Битолчанката Александра Шијаковска денеска ја зграпчи титулата „Инфлуенсер на годината“ од страна на „Жени претприемачки“.

По овој повод инфлуенсерката Шијаковска, се огласи и на социјалната мрежа „Инстаграм“, на која објавувајќи повеќе фотографии од денешните овековечени моменти, потенцираше во текстот дека на нашите простори, не се ценел зборот инфлуенсер.

„Денес ми беше доделена награда “инфлуенсер на годината” од страна на “Жени претприемачки”. Не би ја прифатила наградата без да кажам дека многу ми е жал што на нашиот простор не се цени зборот инфлуенсер“, пишува Шијаковска во описот на објавените фотографии.

„За популацијата која сѐ уште не го разбира терминот “инфлуенсер” и го користи за потсмев имам да кажам нешто, може не знам да пеам, да свирам на некој инструмент, да цртам, може не сум најкултурна и еминентна личност покажана во општеството и културата, можеби моите родители не можеле да ми купат некоја титула за да бидам “некој и нешто”, но и јас сум човек. Вистински инфлуенсер живее за да пренесe вистински вредности на публиката која го следи. Во мојот инстаграм свет секогаш се ставало фокус на давање на тие што имаат помалку, почитување на постарите, на корените, на семејството, на пријателите, на тоа дека не мора да имаш се за да успееш во тоа што си го замислил, на тоа дека сите луѓе се исти без разлика на боја на кожа, раса и националност, на тоа дека и кога ви е најтешко ако размислите секогаш има некој што му е уште потешко од вас. Јас бев на раб да го загубам својот живот и во ниеден момент не бев лута и огорчена, ниеднаш не пуштив солза пред пријателите, не сакав никој освен мене да е повреден. Мене единствената цел ми е да ги пренесам овие вредности на помладите кои ме следат. Е тоа, драги мои е ИНФЛУЕНСЕР“, напиша Шијакоска на Инстаграм.

14.12.2022 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега