Јелена изгледа одлично три месеци по породувањето: Откри зошто нема наскоро да се врати на јавната сцена

 

Пејачката Јелена Костов синоќа се појави на гала прославата по повод првиот роденден на малата Катја, ќерката на пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ.

Јелена по тој повод за Pink.rs проговори за нејзиното неодамнешно породување, медиумската пауза, враќањето на сцената и откри што подарила и посакала за малата Катја.

-Не се дружевме навистина долго со медиумите, малку се одвикнав. И ми фалат и не ми фалат медиумите. Тоа што го имам дома е бесценето. Тој мир. Затоа е се појавувам, немам издадено ниту една песна, немам причина. Навистина, тој мир дома нема цена, рече Јелена и додаде:

 

-На Катја и посакав здравје, да е здрава и да се гордеат со неа, милиот Господ да ја чува од се ненормално во денешно време. Мојата Мила има три месеци, не се враќам на сцена наскоро. Овој пат решив да уживам, бидејќи со првото дете брзав да се вратам на сцената, сега го немам тоа чувство. Сакам да уживам максимално и не сакам да ги пропуштам тие најмагични моменти во нивното растење. Сите се обидуваме да направиме “бум“ песна, но јас имам песни подготвени одамна и не брзам да ги објавам. Кога ќе се вратам, ќе се обидам да го направам тоа на најдобар можен начин, рече пејачката.

Јелена откри:

„На малата Катја и донесов плик, па мама и тато нека и купат што и треба. Тоа е најдоброто нешто“.

16.12.2022 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега