За Борел ракетните напади врз Украина се воено злосторство и варварство

 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, оцени дека денешните руски ракетни напади врз Украина, заедно со нејзиното секојдневно гранатирање на цивили и цивилна инфраструктура, претставуваат „уште еден пример за неселективен терор“ извршен од Кремљ.

Како што се наведува во соопштението на канцеларијата на високиот претставник, „овие сурови, нехумани напади имаат за цел да го зголемат хуманитарното страдање и да го лишат украинскиот народ, како и неговите болници, службите за итни случаи и другите витални услуги од електрична енергија, греење и вода. “.

 

„Овие бомбардирања претставуваат воено злосторство и тие се варварски. Сите одговорни мора да одговараат“, објави Борел преку веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.

 

Се додава дека „Европската унија и нејзините партнери дополнително ги интензивираат напорите да му обезбедат на украинскиот народ итна помош неопходна за обновување на електричната енергија и греењето“.

 

„Украинскиот народ демонстрира неверојатна сила, храброст и издржливост, спротивставувајќи се на руската воена агресија. Европската унија стои до него и цврсто се солидаризира со него – онолку колку што е потребно, и во која мера“, напиша Борел.

 

 

16.12.2022 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега