Финалето и мечот за третото место во Катар ќе почнат со минута молк

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се реши да му оддаде чест на Синиша Михајловиќ, кој во текот на вчерашниот ден почина по долго боледување од леукемија. 

Поради тоа, финалето и натпреварот за третото место на Мундијалот во Катар ќе тргнат со минута молк во чест на Миха. Прво, денес на „Калифа Интернатионал“ малото финале меѓу Хрватска и Мароко ќе започне со оддавање почит за српскиот тренер. 

Исто така ќе биде и утре на „Лусаил“, кога на 60 секунди сите ќе молчат во чест на Михајловиќ, а дури потоа ќе почне големото финале кое ќе го даде новиот или можеби старо-новиот светски првак.

17.12.2022 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега