Истражување: Виена најнепријателски град

 

Виена, главниот град на Австрија, по квалитет на живеење секогаш е на врвот на светот ама го зазема и првото место во нељубезност.

На истражувањето „Рангирање на иселениците на градот 2022“, Виена го зазеде последното место, во категоријата пријателство.

Претставници на организации и компании кои работно биле пратени во Виена, рекле дека овој град не е баш пријатен за живеење, или за 46 отсто од испитаниците Виенците се безобразни. За најпријателски градови се избрани Мексико Сити, Мускат и Валенсија.

Според анкетираните, жителите на Виена не се љубезни кон странците и дека тешко овде можат да се најдат пријатели.

30.12.2022 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега