Хорор во Загреб: Со секира нападнал жена и бебе – девојчето починало, а него го прегазил автомобил

 

Маж (41) доцна синоќа во Загреб со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и детето кое имало една година и пет месеци а потоа побегнал, јавуваат хрватските медиуми.

Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата, каде на него налетало возило и го усмртило на лице место.

Според информации на „Јутарњи лист“, мажот дошол во куќата во која живее неговата поранешна партнерка.

Се расправале, а тој со остар предмет ја нападнал жената. Тешко го повредил и детето. И мајката и девојчето завршиле во загрепската болница, каде лекарите се обиделе да му го спасат животот на детето.

Расеаниот маж потоа побегнал и завршил на обиколницата. Додека се движел по патот, под се уште неразјаснети околности бил удрен од возило, при што починал на лице место.

Од загрепската полиција велат дека наскоро ќе излезат со соопштение.

05.01.2023 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега