Столтенберг: Колку повеќе оружје има Украина, толку побрзо ќе дојде мирот

 

 

Испораките на оружје за Украина го приближуваат крајот на вооружениот конфликт, бидејќи ја зајакнуваат преговарачката позиција на Киев, тврди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Русија претходно испрати нота до земјите од НАТО во врска со испораката на оружје за Украина. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека испумпувањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за успех на руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект.

„Невозможно е да се каже кога и како ќе заврши војната во Украина. Но, знаеме дека повеќето војни завршуваат на преговарачка маса… Затоа, ако сакаме мирно решение преку преговори што ќе и овозможи на Украина да опстане како независна и демократска земја во Европа, тогаш најбрзиот пат до тоа е поддршката на Украина. Всушност оружјето се смета за пат до мирот“, нагласи генералниот секретар на НАТО на конференцијата во Норвешка.

05.01.2023 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега