Медведев: Руската фрегата е новогодишен подарок за НАТО

 

Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во средата тргна на борбена должност, треба да вразуми секој кој ќе се осмели да претставува директна закана за Русија, предупреди денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на „Телеграм“.

Медведев рече дека хиперсоничната фрегата Циркон, која вчера го започна своето патување преку Атлантскиот и Индискиот Океан и Средоземното Море, е „главниот новогодишен подарок“.

– Радувај се. Ова ќе вразуми секој кој претставува директна закана за Русија или за нашите сојузници – и порача Медведев на Алијансата.

Циркон е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот способна да ги победи системите за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана, достигнувајќи брзина од над девет маха со дострел од над 1.000 километри.

Во апелот на американската амбасада во Москва на Телеграм се наведува дека Русија и САД се натпреварувале и соработувале во надминувањето на најголемите предизвици со кои се соочува светот и дека ова што се случува сега „не е достојно“ за Русите. Апелот беше проследен со видео компилација, на која, меѓу другото, се прикажани снимки од конфликтот во Украина и протестите во руските градови.

 

– Вашата литература се учи во нашите училишта. Вашите дела се изведуваат во нашите најпрестижни културни институции. Низ историјата, нашите земји ги обединуваше заедничката култура и нашите достигнувања. Сметаме дека ова што се случува не е достојно за вас и се солидаризираме со секој од вас кој се труди да создаде помирна иднина – заклучуваат од прес-службата на дипломатската мисија на САД.
05.01.2023 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега