„ На правдина ми го земаа синот“ - Маја Николиќ го загуби старателството над синот
Маја Николиќ го изгуби старателството над синот Лазар, откако и последната жалба на пресудата од првостепенито суд и е одбиена.
- На правдина му го одзедоа детето! Се жалев и пред Апелациониот и пред ревизорскиот суд и секаде ме одбија. Сега само чекам да се заврши процесот во Основниот суд и на 9. Декември да биде потврдено дали ќе ми се намали видувањето на синот и од 14 на 10 дена во месецот. Штом ќе се заврши тоа, ќе се жалам пред Судот во Стразбур и нема да се откажам – изјави Николиќ за српските медиуми.
Пејачката веќе 16 години сама го издржува постариот син од првиот брак, за кој неговиот татко Мирко Шчепановиќ никогаш не добила алиментација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа