Почина Лиса Мари, ќерката на Елвис Присли
Единствената ќерката на Елвис и Присила Присли, Лиса Мари Присли почина на 54 годишна возраст, јавуваат светските медиуми.
Лиса била прогласена за мртва во болница во Лос Анџелес каде била однесена по срцев застој кој го имала во четвртокот наутро во својот дом.
-Во тешко срце морам да ја споделам со вас поразувачката вест дека не’ напушти мојата прекрасна ќерка Лиса Мари. Беше најстраствената силна жена полна со љубов. Ве молам за приватност додека се обидуваме да се соочиме со оваа голема загуба. Ви благодариме на љубовта и молитвите, стои во соопштението на нејзината мајка, 77 годишната Присила Присли.
Лиса во вторникот вечерта присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа