Тажна вест: Почина Петре Камчевски, македонски историчар и хроничар

 

Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување.

– Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот.

Роден бил во 1952 година во Кавадарци. Завршил Филозофски факултет, група историја во Скопје. Работел од 1980 година во Музејот, од 1986 до 1999 и од 2004 до 2018 година беше директор.

За време на својот работен век има објавено повеќе од 200 стручни и научни трудови, на симпозиуми, трибини и конгреси како во земјата, така и во странство. Автор е на триесетина историско тематски изложби, фељтони и слично. Учествуваше  во подготовка на неколку зборници. Автор е на неколку книги. Има изработено и неколку спомен соби. За својата работа, добитник е на три највисоки општински награди.

Наградата најдобар музејски работник во Република Македонија ја доби во 2011 година. Беше потпретседател на Друштвото на Музејски работници 1996 – 1998 година.

16.01.2023 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега