Руската Амбасата со реакција на Пендаровски: Чудна е тезата на Претседателот

 

„Руската Амбасада реагираше на изјавата на Претседателот Пендаровски за време на дискусијата „Во одбрана на Европа“ на форумот во Давос.

„Обрнавме внимание на изјавата на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски за време на дискусијата Во одбрана на Европа“ на форумот во Давос (Швајцарија) на 17 јануари 2023 година дека доколку „по завршувањето на војната во Украина“ државите повторно ќе им дадат приоритет на националните интереси, тогаш „европското и трансатлантското единство и солидарност“ ќе исчезнат.
Барем ние многу сме изненадени од ваквата теза. Поаѓаме од фактот дека националните интереси треба да бидат во основата на надворешната политика на која било држава, да го поставуваат векторот на нејзиниот развој, да служат како почетна точка при донесување одлуки за приклучување кон еден или друг сојуз или организација. Токму така стојат работите - како што е познато - кај нас. Инаку, каква е вредноста на таквото „единство и солидарност“ ако тоа не им одговара на интересите на народите на овие земји?
Се надеваме дека на крајот ќе преовлада јасното разбирање на националните интереси, што очигледно ќе помогне во градењето на односите меѓу државите врз основа на взаемно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси, вклучително и во областа на трајната безбедност."-стои во фејсбук објавата на Руската Амбасада.
 

18.01.2023 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега