Општина Штип против комарците ќе прска и од земја и од воздух

 

Трипати авионски и десетпати од земја ќе се прска против комарци предвидува Планот на Општина Штип за 2023 година. Софче Трајкова вработена во Општина Штип вели дека предвидени се два милиони денари во буџетот и планот е изготвен согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

-Составен дел од Програмата е акционен план за мерки со временски рамки, овде ќе ги споменам третманите за ларвицидна дезинсекција кои ќе се изведуваат пет пати, пет третмани адултицидна тереистичка дезинсекција и тоа тереистичка и трипати третмани на авионска адултицидна дезинсекција. Ќе имаме два третмани на дератизација на канализационите шахти, вели  Трајкова.

Градоначалниците од Брегалничкиот регион се на став дека треба против комарците да се прска координирано, а не секоја општина посебно. Затоа и во Планот на Општина Штип условно стои „ако дојде до координација, фирмата-оператор ќе се избере со другите општини“.

Директорката на Центарот за развој на Источен плански  регион (ИПР), Зуица Ангелова, вели дека тие сѐ уште се за организирано прскање кое ќе даде ефект. Ова како можност беше презентирано и на седмата седница на Советот за развој на Источниот плански регион, која се одржа во месец ноември минатата година.

На истата презентер беше претставник од Центарот за јавно здравје – Скопје, кој пред членовите ја изложи можноста од спроведување на организиран регионален пристап во однос на заштита на населението во Источен плански регион од вектор-преносливи болести преку дезинсекција на возрасни комарци. Меѓутоа, за вакво нешто дополнително ќе се разговара на следните седници.

21.01.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега