Османи заедно со Милков ќе го посетат повредениот македонски државјанин во Софија

 
 
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Софија, при што заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид. 
 
Посетата ќе биде искористена за да се разменат мислења меѓу двајцата Министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.
21.01.2023 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега