И ја фати устата и ѝ рече да молчи - додека свекрвата ѝ се закануваше на Шакира, Пике не мрдна со прст

 

Разделбата меѓу Шакира и Жерар Пике трае веќе половина година, но валканите алишта се уште излегуваат на виделина за тоа што се случувало во нивната врска.

А неодамна на социјалните мрежи стана вирално едно старо видео на кое се гледа како мајката на поранешниот фудбалер гестикулира со својата поранешна снаа, што наиде на доста критики.

Иако долго време се зборуваше дека односот на пејачката со нејзината свекрва е многу добар, во видеото кое се споделува на социјалните мрежи од обожавателите на Шакира, се потенцира еден нељубезен момент на Монсерат Бернабеу со уметницата.

На видеото може да се види дека и двете разговараат покрај Пике, а во еден момент од разговорот нејзината поранешна свекрва и го стиска левиот образ на Шакира и потоа ѝ дава знак да молчи.

Реакцијата на Шакира не може да се види бидејќи нејзиниот грб е свртен кон камерата која го сними настанот, но секако не изгледа како пријателски разговор, бидејќи Монсерат Бернабеу прави гестови со рацете, а нејзиното лице не покажува дека се шегува. Додека се случува ова, Пике не ни обрнува внимание на тоа што се случува и разговара со човек кој исто така е во кадарот.

25.01.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега