На Блумберговата листа на милионери води Арно, втор е Маск, Безос трети
На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска, ситуацијата меѓу петте најбогати луѓе во светот не е променета – прв и понатаму е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, и неговото богатство се проценува на 191 милијарда долари.
Вториот е сопственикот на Твитер и „Тесла“ Илон Маск со 164 милијарди долари. Трет е Американецот Џеф Безос со 126 милијарди долари, најпознат по сопственоста на „Амазон“ и „Вашингтон пост“, потоа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 112 милијарди и петти е Ворен Бафет, американскиот бизнис магнат, со 109 милијарди.
Сите тие забележаа пораст на богатството во однос на претходниот дел, а најмногу заработи Маск, кој од почетокот на 2023 година е побогат за четири милијарди долари. Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг има 55 милијарди и е на 21 место со 55 милијарди долари.
И покрај санкциите, на листата се и руските милијардери, чие богатство во однос на 1 јануари се зголемило за 16,1 милијарди долари, а најбогат Русин е Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа