Босанец во дворот пронашол извор на нафта
Кога Хајрудин Билалиќ во 1996 година ја купил куќата во Пожарници кај Тузла, не ни сонувал дека ќе наиде на вистински извор на нафта- сон на секој човек кој сонува за лесен и удобен живот.
-Кога работев нешто на полето, имаше многу смет. Сето тоа го исчистив и се појави една дамка. Не сватив на почетокот за што се работи, но ден потоа почувстував чуден мирис- изјавил Хајрудин за Анадолија.
Тој вели дека 15 години нафтата непрестано излегува од земјата, без разлика дали е лето или зима, нафтата излегува на површината со исто темпо.
Хајрудин открива дека и во зимскиот период нафатата е запалива.
Моментално според испитувањата, на неговиот имот има два извори, едниот на плин а другиот на нафта.
Сепак освен сликањето и испитувањето, нема сериозен бизнисмен кој би направил сериозни и детални испитувања и би отпочнал со бизнис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа