Уапсени повеќе од 1.800 мажи во Индија поради договарање бракови со малолетнички

 

Полицијата во индиската држава Асам уапси повеќе од 1.800 мажи поради венчавање или склучување бракови со малолетнички, со што започна континуирана акција против оваа практика, изјави денеска премиерот на источна Индија, Химанта Бисва Сарма.

„Полицијата синоќа започна со апсењата. Уапсени се луѓе кои помагаат да се регистрираат такви бракови во храмовите и џамиите. Детските бракови се примарна причина за детската бременост, која е одговорна за високата стапка на смртност кај мајките и новороденчињата“, рече Сарма.

Склучувањето бракови меѓу лица помлади од 18 години е незаконско во Индија, но законот не се почитува.

Според податоците од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), речиси 1,5 милиони девојчиња помлади од 18 години секоја година се мажат во Индија. 

03.02.2023 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега