Македонија се обедини: Собрани 10 милиони денари во Црвен Крст за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија
Македонскиот народ повторно докажа дека е хуман и се обедини да помогне за настраданите во земјотресите во Турција и во Сирија. Досега вкупно донации на сметката на Црвениот Крст се собрани 10 милиони денари.
Од нив, 3,3 милиони денари се донирани од страна на граѓани индивидуалци на бројот 143 400, а останатите до 10 милиони се пари донирани од компании.
Претходно, Владата на РСМ на вонредна седница одвои 6 милиони денари од буџетот на државата за донација за настраданите по катастрофалните земјотротреси во Турција.
08.02.2023 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа