Го избодела сопругот 18 пати за да избега со својот девер
Албанката Ермира Џафери, мајка на две деца, одлучила да го елиминира својот маж за да може да продолжи “на раат’ да биде во љубовна врска со деверот.
Ермира и нејзиниот љубовник, деверот Александар Ахметај, го нападнале сопругот Сајмир Џафери, нанесувајќи му 18 убоди со нож. Сајмир бил тешко повреден и во состојба на кома бил префрлен во подрачната болница во Фиер.
Од албанската полиција го потврдиле настанот, информирајќи дека по нападот, Ермира била спречена да избега од страна на членови на фамилијата а нејзиниот соучесник Александар е уапсен од страна на полицијата во Ѓирокасра.
08.12.2013 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа