ВИДЕО: Бремена Сиријка се онесвести за време на вчерашниот земјотрес, а потоа роди девојче

 

 

Бремена Сиријка се онесвестила за време навчерашниот земјотрес во Дефне во Хатај, а потоа родила девојче, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

По несвестицата таа била пренесена во болница од страна на спасувачките екипи, а девојчето се’ уште е во инкубатор.

Состојбата на мајката и бебето е стабилна.

Две недели откако Турција и Сирија беа погодени од разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени, тлото повторно се затресе синоќа околу 18 часот.

Земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени беа регистрирани во јужната турска провинција Хатај, пришто според последните информации загина најмалку осум лица.

21.02.2023 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега