Кличко: Ќе ja победиме Русија

 

На годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска зборуваше за „трагичната и психолошки исцрпувачка година“, пренесе ДПА.

„Но, ние се бориме, веруваме во себе и во нашата земја. Затоа ќе надминеме сè и ќе победиме“, напиша тој на својот канал на Телеграм, испраќајќи и видео порака.

Додека многу Украинци не веруваа дека ќе има „варварска војна“ од Русија, главниот град се подготвуваше за можен напад, рече тој.

„Волонтерите кои се приклучија на територијалната одбрана и нашата војска помогнаа да се заштити и задржи главниот град.

Руските трупи напредуваа во предградијата на Киев по почетокот на војната на 24 февруари, но не стигнаа далеку.

„Киев е срцето на Украина, Киев беше и останува цел на Русија, на Русите и на рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Кличко за ДПА.

Во исто време, тој рече дека не верува дека Русија може да успее во нов напад врз главниот град. „Мислам дека Русија нема да победи“, оцени Кличко за ДПА. 

24.02.2023 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега