Ставревски: Ќе продолжиме со реализацијата на Јужен тек
Вицепремиерот Зоран Ставревски денеска најави дека Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек, така што е најавено, со тоа што ја поттикнува Европската комисија и Русија да отворат директен дијалог, односно Гаспром и ЕК за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна во однос на реализизацијата на овој крупен меѓународен проект.
- Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Гаспром да ги решат отворените прашања, истакна вицепремиерот Ставрески по пуштањето во употреба во две улици во Кочани.
Ставревски по Кочани, заминува во работна посета на Пехчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа