Потресно сведоштво на татко на младо момче кое загина во несреќата во Грција: Ме повикаа да го идентификувам синот по облеката и тетоважите
Татко бил повикан да го идентификува својот 26-годишен син, кој се води за исчезнат по железничката несреќа во Грција.
Момчето заедно со свој пријател заминало на тридневно патување во Атина, а двајцата се враќале со возот и по несреќата, им се губи трага.
Таткото што си го бара синот во Лариса рече дека неговото дете го нема на ниеден од списоците во болниците.
„Ми рекоа дека моето дете не е на ниеден од списоците што ги има во болниците“, вели таткото на момчето.
Родителот бил повикан да го идентификува синот според тетоважите и облеката.
01.03.2023 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа