Јанкулоска се обрати на Собранието на земјите членки на ИАЦА

Министерката за внатрешни работи Гордана јанкулоска се обрати на годинашното Собрание на земјите членки на ИАЦА – Меѓународната антикорупциска академија, што денеска и во наредните два дена се одржува во Банкок, Тајланд. Пред присутните Јанкулоска ги истакнала напорите на Македонската Влада и досегашните спроведени реформи.

- Во последните неколку години, Република Македонија во соработка со своите партнери од НАТО и ЕУ направи значајни чекори напред во градењето на нормативни и институционални рамки во борба против корупцијата и судирот на интереси, рече Јанкулоска, посочувајќи го донесувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, со Акциски план за периодот 2010 - 2015.

Јанкулоска се осврнала и на годишната Програма за борба против корупцијата на МВР, како и дека корупцијата бара широк системски ангажман, кој нема да биде ограничен само на кривично-правното процесуирање.

- Тоа значи превенција - од градење на транспарентни, одговорни системи на владеење, потоа зајакнување на капацитетот на граѓанското општество и медиумите што исто така, ќе вклучува зголемување на јавниот интегритет, односно зајакнување и на личната етика на јавни личности и генерално на граѓаните“.

09.12.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега