По пауза од неверојатни девет години, Камерон Дијаз подготвува актерски „камбек“

 

Камерон Дијаз, долгоногата убавица со волшебна насмевка, по пауза од девет години се враќа на сцената со филмот Back In Action, во кој глуми покрај Џејми Фокс.

Омилената хероина од голем број романтични комедии почна со снимање на филмот во продукција на „Нетфликс’ и, наводно, ужива во своето враќање пред камерите.

Извор изјави за „Пипл“: „Камерон веќе неколку недели снима во Лондон. Беше нервозна пред да пристигне таму, но потоа многу возбудена.“

Камерон (50) ја има тригодишната Редикс со сопругот Бенџи Маден, а во британската метропола ѝ се придружи и нејзиното семејство.

„Снимањето беше неверојатно. Камерон навистина ужива во тоа. Многу снимаа ноќе. Тоа не ѝ пречеше, бидејќи и онака тешко се навикнува на временски разлики. Нејзиното семејство е со неа како поддршка,“ рече инсајдерот и додаде: секогаш е ведра кога снима. Таа е суперкул и приземна“.

Камерон се повлече од својата актерска кариера во 2014 година, откако глумеше во римејкот „Ени“.

Актерката претходно тврдеше дека го сака својот нов живот, мирот и мајчинството.

Чарлиевиот ангел со една од најубавите природни насмевки, глумеше заедно со Дру Баримор и Луси Луи во блокбастер серијалот „Ангелите на Чарли“ – приказна за три детективки со боречки вештини.

07.03.2023 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега