Белгија го забрани „Тик-ток“ за државните службеници
Советот за национална безбедност на Белгија денеска одлучи да им забрани на министрите, членовите на кабинетот и на државните службеници да ја користат кинеската апликација „Тик-ток“ на своите професионални уреди.
„Логична и неопходна одлука“, напиша вицепремиерот Жорж Гилкинет на „Твитер“.
Белгија смета дека истрагите спроведени од безбедносните служби покажале дека кинеската апликација има неколку безбедносни пропусти, што ја отвора вратата за можно шпионирање на податоците на своите корисници, пренесе „Танјуг“.
10.03.2023 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа