Сопругата на Брус Вилис ги демантира тврдењата дека Деми Мур се преселила кај нив
Сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис, Ема Хеминг, ги демантира шпекулациите дека неговата поранешна сопруга Деми Мур се преселила кај нив за да помогне во грижата за актерот по дијагностицирањето деменција.
Американски шоу-биз медиуми објавија дека Мур (60) помага во грижата за 67-годишната ѕвезда на „Умри машки“ заедно со неговата сегашна сопругата Ема Хеминг Вилис (44) и нивните две мали ќерки, но Хеминг возврати на шпекулациите.
Таа се огласи на „Инстаграм“ во четвртокот: „Ајде да ставиме крај на ова. Толку е глупаво. Ве молам, престанете“.
Претставник на Мур изјавил за „Радар“ дека таа не планирала да живее со Брус и Ема, но друг извор тврди дека актерката веќе е со семејството на својот поранешен сопруг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа