ФОТО: Селена Гомез позира без грам шминка

 

 

Селена Гомез е ретка убавица.

Во вторникот најследената жена на „Инстаграм“ сподели две селфија во сосема природно издание, без шминка, и ги воодушеви своите фанови.

30-годишната пејачка, актерка, дизајнер, а сега и претприемач, често позира во такви природни изданија.

Во описот на објавата покрај двете фотографии напиша Violet Chemistry, што всушност е наслов на песната на нејзината колешка и пријателка Мајли Сајрус.

Објавата за еден ден собра повеќе од 22 милиони лајка, а многу ѕвезди веднаш ја коментираа објавата со пофални зборови. Мајли Сајрус ѝ стави црвено срце, како и Мишел Фајфер, а многу други познати личности, како Парис Хилтон, Џесика Капшо, Суед Брукс, ѝ ставија емотикони и пораки во кои нагласуваат колку е убава.

„Еве ја во полн сјај“, коментира Брукс, а Кепшо напиша: „Убава“. Со нив се согласија и фановите на Селена, кои ја опсипаа со комплименти во илјадниците коментари.

Големиот број следачи на „Инстаграм“, приближно 400 милиони, делумно се должи на фактот што често споделува автентични фотографии.

 

16.03.2023 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега