Научниците пронајдоа пластични карпи на оддалечен бразилски остров
Геологијата на бразилскиот вулкански остров Тринидад со години ги фасцинира научниците, но откривањето на карпите направени од пластични остатоци во овој далечен рај за желки предизвикува тревога, според написите во медиумите.
Топената пластика е составен дел од карпите на островот, кој се наоѓа на 1.140 километри од југоисточната држава Еспирито Санто, а тоа, велат научниците, е доказ за зголеменото влијание на луѓето врз геолошките циклуси на Земјата.
„Тоа е ново и застрашувачко во исто време бидејќи загадувањето влезе во сферата на геологијата“, вели Фернанда Авелар Сантос, геолог од Федералниот универзитет во Парана.
Сантос и нејзиниот тим спроведоа хемиски тестови за да откријат каква пластика има во карпите, кои се нарекуваат пластигломерати затоа што се направени од мешавина на седиментни гранули и други остатоци што се држат заедно со пластика.
„Утврдивме загадување главно од рибарските мрежи, што е многу вообичаен отпад на плажите на островот Тринидад“, рече Сантос.
„Океанските струи ги вовлекуваат и тие се акумулираат на плажата. Кога температурата се зголемува, таа пластика се топи и се вградува во природниот материјал на плажата.
Островот Тринидад е едно од најважните заштитени места во светот за зелените желки, каде што илјадници доаѓаат секоја година да ги снесат своите јајца. Единствените луѓе на Тринидад се членови на бразилската морнарица, која има база на островот и ги штити желките што се гнездат.
„Местото каде што ги најдовме тие пластични примероци е трајно зачувана област во Бразил, блиску до местото каде што зелените желки ги несат јајцата“, рече Сантос.
Откритието иницира прашања за човечкото наследство на Земјата, вели Сантос.
„Толку многу зборуваме за антропоценот и тоа е тоа“, рече Сантос мислејќи на предложената геолошка епоха дефинирана со влијанието на луѓето врз геологијата и екосистемите на планетата.
„Загадувањето, морскиот отпад и пластиката фрлена во океаните стануваат геолошки материјал зачуван во геолошкиот запис на Земјата“, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа