(ФОТО) Српска пејачка се фрлила од тераса - сега се кае поради причината, но ќе остане инвалид

 

Не толку познатата српска пејачка Слаѓана Марковиќ поминува низ многу тешка борба, а во еден момент се обидела да си го одземе животот скокајќи од тераса.

Причината се парите, бидејќи во периодот на коронавирусот Слаѓана имала помалку настапи и затоа и изворот на приходи бил помал.

– Се каам, згрешив, бидејќи не знаев како да се справам со сиромаштијата, притисокот и болната мајка.

Оттогаш сум инвалид, се обидувам да одам, но тешко ми е. Марија од манастирот Раѓање на Пресвета Богородица кај Чачак многу ми помогна, преку разговор успеав да ги надминам сите тешки моменти и да најдам прошка за стореното – изјави Слаѓана за „Гранд“.

-Девојката со години пееше, живееше сама со мајка си и со својата работа ги издржуваше и двете. Дојде таа несреќна корона, немаше работа, се откажуваа свирки, а долговите растеа од ден на ден. Поради сиромаштија, долгови и неможност да живее нормално, за жал посегнала по најлошото. Кога пристигнале извршителите за неплатен долг, таа се обидела да се самоубие. Не сакам да кажам како и што, но после тоа нејзиниот живот целосно се промени на полошо. Се ѝ беше скршено, нозете, колковите и оттогаш почна борбата и закрепнувањето – вели Мима.

Слаѓана веќе три години се обидува да застане на нозе и физички и финансиски, но ја снашла уште една непријатна ситуација. Грижата и помошта што ја добивала за нејзината мајка, која доживеала мозочен удар во 2001 година, била прекината.

-Девојката со години пееше, живееше сама со мајка си и со својата работа ги издржуваше и двете. Дојде таа несреќна корона, немаше работа, се откажуваа свирки, а долговите растеа од ден на ден. Поради сиромаштија, долгови и неможност да живее нормално, за жал посегнала по најлошото. Кога пристигнале извршителите за неплатен долг, таа се обидела да се самоубие. Не сакам да кажам како и што, но после тоа нејзиниот живот целосно се промени на полошо. Се ѝ беше скршено, нозете, колковите и оттогаш почна борбата и закрепнувањето – вели Мима.

Слаѓана инаку минатиот месец сподели фотографија од болницата во Краљево, каде што можеме да ја видиме нејзината нога во гипс. Сепак, таа не губи надеж, па во описот додаде: „Ќе биде подобро“.

17.03.2023 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега