Адам Сендлер добитник на награда за американски хумор
Актерот и комичар Адам Сендлер стана 24. добитник на наградата „Марк Твен“ за американски хумор од Центарот „Кенеди“ во неделата, на настанот на кој настапуваа Џенифер Анистон, Крис Рок и Конан О’Брајан за да ги прослават неговата комедија и кариера.
Сендлер, кој глуми во Spanglish, The Wedding Singer, The Waterboy и многу други, се прослави со своите комични вештини, кои – иако не секогаш ги освојуваа срцата на критичарите – и ги воодушевуваа фановите. Неговите филмови заработија милијарди долари.
Невообичаено облечен во костум наместо неговите познати шорцови и маица, Сендлер (56) рече дека костумот е премногу широк. „Не знам дали овој костум ми стои или не, само го облеков… втор пат“, им рече тој на новинарите на црвениот тепих пред настанот.
„Но, сè друго… таква чест, никогаш во животот не размислував за ова, никогаш не очекував вакво нешто“, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа