Бој Џорџ и колегите од бендот мора да му платат 1,7 милион фунти на поранешниот член Џон Мос

 

 

На Бој Џорџ и неговите колеги од бендот „Калчр клаб“ им е наложено да му исплатат 1,75 милион фунти на поранешниот тапанар на бендот, Џон Мос, во рамките на битката во Високиот суд.

Колегите од бендот „Калчр клаб“ постигнаа спогодба со основачкиот член Мос една недела пред закажаното судење, кое сега веќе е откажано бидејќи се договорија за сумата.

Минатата година, Мос, основач на бендот, познат по многу хитови, меѓу кои „Карма камелеон“, обвини дека фронтменот Бој Џорџ, гитаристот Рој Хеј и басистот Мајкл Крег го измамиле за голема сума пари откога нивниот менаџер го исфрли од бендот во 2018 година.

Мос тврдеше дека треба да му се исплати неподмирен долг според договорот што го потпишал за нивната турнеја Life Tour. Потоа тој тврдеше дека секој член на бендот требало да добие хонорар од 600.000 американски долари за најмногу 80 концерти.

Мос исто така изјави дека морал да плати правни трошоци во износ од 1 милион фунти и го обвини триото дека решило да го држи надвор од сумите на кои има право, односно за неговата децениската услуга за бендот.

 

23.03.2023 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега