Пеце Суперхикс ја повлече објавата за тепањето на син му: Алармот е вклучен
Музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, посочува дека алармот на институциите е вклучен, откако објави дека неговиот син бил нападнат во Капиштец. Младеновски кажа дека ја тргнал објавата од социјалната мрежа „Фејсбук“, поради негативни коментари, навреди, генерализирање и поистоветување на сите штитеници со криминалци или насилници, повици за напади, и ширење на лаги.
„Надлежните и одговорните се запознаени. Алармот е вклучен! Случајот е пријавен (полиција, инспектори за малолетна деликвенција итн итн) сѐ е документирано и очекуваме како семејство реакција од сите засегнати (Домот, Минис.за труд и социјала, МВР, Општината можеби со некаква иницијатива или слично). Искрено се надевам дека овие (сите) деца ќе бидат на некој начин подобро згрижени. Но, не можеме да дозволиме ова да се премолчи и повторува катадневно! И за Нив и за Нас!“, напиша Младеноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа