Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип
Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип и околината.
Нема информации за штети.
29.03.2023 - 09:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа