Отворен Ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово
Армијата на Република Северна Македонија денеска, со почеток од 10 часот, организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата.
- За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата, како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на АРСМ, информираат од Армијата.
Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа