Во ноември сме живееле поскап живот

 

Според податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември во однос на октомври годинава бележат намалување за 0,1 отсто, а во однос на ноември лани зголемување од 1,1 отсто.

Во ноември во однос на октомври, намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 1,1 отсто, Рекреација и култура за 0,4 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци и Ресторани и хотели за 0,3 отсто и Здравје за 0,1 отсто, додека пораст има во Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,6 отсто, Облека и обувки и Образование за 0,2 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун и Комуникации за 0,1 отсто.

10.12.2013 - 12:55
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега