Владата го назначи Артан Груби за координатор на изградбата на коридорот 8
Првиот вицепремиер Артан Груби, во улога на координатор, ќе ја следи и реализацијата на патните правци Скопје-Блаце, Кичево-Букојчани, железницата Кичево-Лин и заедничките гранични контроли со Албанија и Косово.
„Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје - Блаце, Кичево - Букојчани, железницата Кичево - Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација“, стои во соопштението на Владата испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа