(ФОТО) Мицкоски ги „засука ракавите“ и се фати за скарата: Семејството ми ги полни батериите за сите предизвици

 

Повеќе од очигледно е дека и на политичарите им е потребно време да се одморат. Велигденските празници се полн погодок за мала пауза. Па така, и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реши да се одмори и да помине време со семејството за време на овој продолжен викенд.

Лидерот на опозициската партија ги засука ракавите и се фана за скарата. Во опуштена атмосфера, изгледа денеска сите од семејството ќе чекаат ручек од Мицкоски. Како подготвува скара, објави на социјалната мрежа Фејсбук и и откри на јавноста дека времето поминато со семејството му ги полнело батериите, за како што рече следните предизвици во ова турбулентно време. 

„Од сирна недела, па Прочка, сѐ до Христовото Воскресение, пост за мир во душата, Бог да помага секому 
За Велигден или 1 Мај јас сум задолжен за скарата.
Во ова динамично и турбултентно време, времето поминато со семејството ги полни батериите за предизвиците што следат.
Христос воскресна!
Имајте радосни и среќни моменти каде и да се наоѓате“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

16.04.2023 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега