Викторија Бекам нема да старее, го запре часовникот со ласерски третман на кожа
На Викторија Бекам (47) ѝ е кажано дека нема повеќе да старее откако „го запре часовникот“ со ласерски третман за подмладување, кој може да чини околу 2.000 фунти, пренесуваат британски таблоиди.
Модната дизајнерка (48) се огласи на „Инстаграм“ викендов за да открие дека неодамна била подложена на ласерско обновување на горните слоеви на кожата или ресурфејсинг во центарот за пластичната хирургија „Гавами“ во Лос Анџелес.
Ова е напреден третман за подмладување на кожата кој има за цел да ги отстрани фините линии, брчките, да ја затегне кожата и да ја изедначи дисколорацијата.
Викторија разговара за својот нехируршки третман со доктор Гавами во видео споделено на социјалните мрежи, а во кое тој ја уверува дека буквално нема да старее.
За третманот на Викторија, тој рече: „Мислам, не само што гледаме да го вратиме часовникот наназад, туку и сега го запираме. Значи, буквално повеќе нема да старееш.“
Просечната цена за ласерскиот ресурфејсинг е околу 2.010 фунти (2.509 долари) за аблативен и 1.100 фунти (1.445 долари) за неаблативен третман, според проценките на Американското здружение на пластични хирурзи за 2020 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа