Прибак: Сакам да играм за Македонија
Македонија веќе некое време се готви да му подари пасош на ракометарот на Вардар Немања Прибак за да го внесе во националниот тим за ЕП во Данска, кое ќе се одржи во јануари.
-Јас сум подготвен да играм, сакам да ѝ помогнам на репрезентацијата, меѓутоа целиот процес уште не е дефинитивен. Разговарав со луѓето од федерацијата, имаме заеднички јазик, но сè уште немам пасош. Кога ќе се случи тоа, тогаш може да кажеме официјално дека ќе играм за Македонија, разјаснува Прибак за Македонски спорт.
Прибак веќе четврта сезона игра во дресот на Вардар, а за неговиот квалитет говори и фактот што тој претставува важна алка дури и во овој засилен состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа