Во Скопје, посебен сообраќаен режим поради најавените првомајски протести

 

 

Мерки за посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради одржување на синдикалните првомајски протести, најавија надлежните.

Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ се до Владата на булевар „Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.

МВР со апел до учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

01.05.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега