Притворен шоферот на камионот во кој се шверцуваа 28 мигранти

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден го идентификуваше и го пронајде лицето кое го управуваше камионот во кој се превезуваа 28 странски државјани кои нелегално престојуваа на територијата на Македонија.

Полицијата утврдила дека станува збор за 20годишниот М.К од с.Едрениково, кој заедно со неговиот брат М.К. (24) се договорориле со трето лице за награда од 300 евра да извршат транспорт на илегалните мигранти до Куманово. Двајцата браќа пристигнале во Богданци, ги качиле во камионот мигрантите и потоа заминале кон Куманово. Помалиот брат со товарното возило „ТАМ“ ги превезувал мигрантите додека постариот со  патничко возило „Ауди“ се движел пред него во улога на чистач.

Двајцата, заедно со кривична пријава, денеска ќе бидат изведени пред надлежен Истражен судија. Во текот на вчерашниот ден, пред надлежен Истражен судија е изведен и 29 годишниот Б.М. од селото Мустафино-Свети Николе, поради основано сомнение дека криумчарел мигранти. Во неговиот "Мерцедес" биле затекнати двајца сириски државјани без патни исправи. Од страна на Истражниот судија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во затвор „Шутка“-Скопје.

најчитано сега