Психијатарот Бајрактаров: Имаме модерен начин на родителство, со недостиг од време за децата

 

Универзитетскиот професор и психијатар Стојан Бајрактаров во емисијата 24 анализа истакна дека менталниот склоп се гради трансгенерациски и историски.

Насилството не е чудно за овие простори е тоа глорифицирано низ историјата, вели професорот.

– Тука имаме народи кои се самопрокламираат како воинствени и такви како мирољубиви како што сме ние. Кога се создава еден таков наратив дека една агресивност насочена кон другите се слави, се прават и такви слики како ќе ни изгледа поколението. Модерниот начин предизвика да имаме многу маани во психолошкиот развој на децата. Имаме модерен начин на родителство со недостаток на време за децата. Агресиајата се промовира преку сите оние едукативни и социјални соржини кои им се нудат на децата, вели Бајрактаров.

04.05.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега